Top Sport

Лоша прогноза на Лекип: Димитров прв, Рафа и Роџер надвор од Топ 10

Францускиот портал „Лекип“, пред пет години прогнозирал каков ќе биде поредокот во Топ 10 на АТП листата во 2018 година.

Пет години подоцна јасно е дека во „Лекип“ погрешиле речи кај сите играчи на кои им предвидувале дека 2018 година ќе ја завршат меѓу најдобрите 10.

Единствено погодиле дека Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори во 2018 година ќе бидат во Топ 10, а најголемата грешка ја направиле кај Рафа Надал и Роџер Федерер.

„Лекип“ превидувал дека во 2018 година Григор Димитров ќе го оствари својот потенцијал и годината ќе ја заврши на првото место. Бугаринот сезоната ја заврши на 19.место. Уште поголема грешка направиле со Беноа Пер. Французите му предвидувале дека ќе биде втор, а тој во моментов е 52. на АТП листата.

Третото место било резервирано за Енди Мареј, но Британецот поради повредите годината ја заврши на 260.место.

Зад Мареј е Милош Раониќ, во моментов 18. во светот, а петти е човекот кој сезоната ја заврши како број 1, Новак Ѓоковиќ.

За Нишикори не направиле голема грешка, му го предвидувале шестото место, а тој во моментов е деветти.

Седмото место „Лекип“ му го доделиле на Бернард Томиќ (83), осмото на Ернест Гулбис (95), деветтото на Јержи Јановиќ (во моментов без ранкинг), а десеттото на Џек Сок (106).

Scroll to Top