Top Sport

Лоши вести за Ѓоковиќ, САД ги продолжи мерките за влез на невакцинираните во земјата

Новак Ѓоковиќ, оваа пролет, нема да имам можност да настапи на турнирите од Мастерс серијата во САД.

Владата на САД го продолжи условот за влез на патниците во земјата, кои мора да приложат доказ дека примиле најмалку две дози од вакцината против Ковид.

Ова правило е продолжено до 10. април 2023 година, а невакцинираните лица можат да влезат во САД само доколку ги исполнуваат критериумите за изземање.

Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ и оваа година нема да може да игра на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Има надеж дека Американците ќе ја укинат оваа одлука пред март, за кога се закажани овие турнири, со оглед на тоа што повеќето земји одамна ги напуштија ограничувањата за влез на невакцинирани лица.

Scroll to Top