Top Sport

Луда борба во Белград: Васо провоцираше пред мечот, но Кроата го порази и во реваншот

Франциско „Кроата“’ Барио уште еднаш го совлада Васа Бакочевиќ во кафезот на салата Пионир во Белград.

Да потсетиме, првиот меч меѓу нив двајца се одигра во 2021 година во Шибеник, а потоа „Кроата“ победи по само 60 секунди борба. Бакочевиќ се повреди на самиот почеток од мечот и не можеше да пружи вистински отпор, но „Кроата“ сега славеше на реваншот во Белград и докажа дека реално е подобар борец. Бакочевиќ пред мечот постојано го провоцираше хрватскиот Аргентинец, му се закануваше и беснееше, но ни овојпат не можеше да му наштети.

Натпреварот заврши во втората рунда. Бакочевиќ безгрижно се обиде да се извлече и му сврте грб на Кроата, а тој секако не можеше да пропушти таква можност. На минута и пол пред крајот, аргентинско-хрватскиот борец се стегна во задушувачки потег одзади и го принуди Бакочевиќ да се предаде.

Ова за Кроата е 12-та победа во кариерата во која има и три порази, додека Бакочевиќ го забележа 24-от пораз и има 43 победи. Ова е петта победа за Барио во неговиот петти настап под покровителство на ФНЦ и дефинитивно е најдобриот борец во целата организација.

Еве како стојат неговите резултати последниве две години:

Scroll to Top