Top Sport

„Лудачки“ скок на Тими Зајц во Вилинген

Словенците секогаш биле фантастични во скијачките летови, што не чуди бидејќи, сепак, се работи за држава на славната леталница Планица, но како што покажува примерот на Тими Зајц одлично се снаоѓаат и на „малите“ скокалници.

На денешното тимско натпреварување во германскиот Вилинген, 22-годишниот Зајц понесен од ветерот стигна до неверојатна далечина од 161.5 метри, по што не успеа да остане на нозе при доскокот. Претходниот рекорд на скокалницата од 2021 година беше на Полјакот Клеменс Муранка и стоеше на границата од 153 метри.

На крајот, Норвешка го освои првото место во Вилинген пред Австрија и Германија, додека Словенија беше на петтото место.

Scroll to Top