Top Sport

Лудница на СП во пикадо – Смит ја освои титулата

Мајкл Смит е новиот светски шампион во пикадо. Во финалето 32. годишниот Англичанец го победи Мајкл ван Гервен со 7:4 во сетови и ја освои својата прва светска титула.

Смит, претходно двапати загуби во финалињата (2019 и 2022 година), додека ова е трет пораз за Холанѓанецот во шесте финалиња на Светските првенства одиграни досега.

Смит и Ван Гервен, во финалето, го одиграа најдобриот „лег“ во историјата на пикадото.

Новиот светски првак, го презеде и првото место на ПДЦ-листата и заработи 500.000 фунти.

Scroll to Top