Top Sport

Луис Хамилтон: Јас не сум совршен, но Роџер Федерер е блиску

Луис Хамилтон е во одлична позиција да ја освои својата петта Ф1 титула, и е познат по тоа што високо ги цени своите квалитети, но вели дека тој не е совршен и дека има само еден спортист кој е блиску до тоа ниво – Роџер Федерер.

Хамилтон има пет победи и девет подиуми оваа сезона и на девет трки пред крајот на сезоната има 24 поени предност пред Себсатијан Фетел, но вели дека „совршенство“ е збор кој е резервиран за спротисти како Федерер или Мухамед Али.

„Совршен? Јас сум далеку од совршен. Далеку! Ако сакате да ви покажам пример, видете го Мухамед Али или Роџер Федерер. Тие спортисти се далеку поблиску до перфекција од мене. Кога ќе слушнам совршенство, ме асоцира на музичар кој го наоѓа вистинскиот тон на секој концерт. А совршенството е концепт кој постојано се менува“, вели Хамилтон.

Ова не е првпат Хамилтон да го пофали Федерер, и вели дека тој е вистински пример за спортист.

„Секогаш се враќам на Роџер Федерер бидејќи е толку добар пример. Тој успеа да стане број 1, покрај тоа е среќен семеен човек, многу е богат, и уште има желба да стигне до нови успеси. Тоа е знак на неговата големина“, додава возачот на Мерцедес.

Scroll to Top