Меѓународното здружение на спортски новинари (АИПС) го избра Лука Модриќ за најдобар спортист во светот за 2018 година. Во гласањето на АИПС учествувале 359 новинари од 87 земји.
Модриќ, во гласањето добил 419 гласа и победил пред Новак Ѓоковиќ (337 гласа) и Роџер Федерер (290 гласа).
Во женска конкуренција, новинарите од АИПС, за најдобра ја прогласија гимнастичарката од САД, Симон Бајлс. Таа на Светското првенство во Дубаи освои шест медали, од кои четири се со златен сјај.
Бајлс добила 427 гласа, најблиску до неа се Естер Ледецка со 335 и Симона Халеп со 331 глас.
Во изборот најдобар тиме е фудбалската репрезентација на Франција. Французите изминатото лето победи на Светското првенство во Русија.