Top Sport

Маестрална партија на Ѓоковиќ – му се одмазди на Надал за финале на Ролан Гарос!

Новак Ѓоковиќ имаше совршена одмазда за минатогодишниот пораз во финалето на Ролан Гарос од Рафаел Надал, добивајќи ја петочната вечерна класика против Шпанецот во полуфиналето во Париз со 3:6/6:3/7:6(4)/6:2 за финале против грчката сензација Стефанос Циципас.

Ова е само трет пораз во кариерата на Надал на неговиот омилен терен, и значи дека нема да може да го помине Роџер Федерер со 20 гренд слем титули, додека светскиот број 1 ќе се бори за својата 19-та голема титула. Ова беше 58. меѓусебен дуел на двајцата најдобри тенисери на денешницата, и сега Ѓоковиќ има 30:28 предност.

Мечот започна фуриозно за Надал, кој направи предност од 5:0, за потоа да го освои сетот со 6:3, но Србинот се врати во одличниот втор сет за да израмни на 1:1. Третиот сет беше вистинска класика, во траење од 1 час и 31 минута, и Ѓоковиќ го доби во тај-брејк. Во четвртиот сет, Надал почна со брејк за 2:0 водство, за потоа Ѓоковиќ да врати и со два брејка да ја обезбеди неверојатната победа.

 

Scroll to Top