Top Sport

Маестралниот Умбер со трофејот од Антверпен

Младиот француски тенисер Иго Умбер ја комплетираше фантастичната тениска недела во белгискиот Антверпен со 6:1/7:6(4) победа над Австралиецот Алекс де Минаур за да ја освои својата втора АТП титула во кариерата.

Пред само 24 часа, Умбер мораше да спасува четири меч-топки во маратонското полуфинале против Британецот Даниел Еванс, за во финалето да има речиси совршен меч и на 22 години да има две титули во 2020.

„Ова е дефинитивно една од моите најголеми победи. Да се освои втора титула оваа година против навистина опасен противник е прекрасно. Тенисот понекогаш е луд, како што можеше да се види во полуфиналето. Денеска бев на повисоко ниво“, вели Умбер, кој претходно победи во Оукленд, Нов Зеланд на стартот на годината.

Scroll to Top