По 20 дена и над 50 часа игра, норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен по четврти пат стана светски шампион во шах, откако го победи Американецот Фабијано Каруана во Лондон во брзиот тај-брејк.
Во сесијата од 4 партии за 25 минути по шахист со 10 секунди по секој одигран потег, Карлсен славеше со 3:0 и со вкупни 9:6 по третпат ја освои шаховската титула, откако претходно се постави рекорд со 12 ремија во 12 меча. Ова е првпат во 132-годишната историја на Светското првенство во шах, мечот да се одлучи со тај-брејк.
Карлсен ја освои титулата во 2013 година со победа над Вишванатан Ананд, по што ја одбрани титулата во 2014 година против Индиецот, за во 2016 година да го победи Русинот Сергеј Карјакин.
27-годишниот Карлсен, кого „Вашингтон пост“ неодамна го опиша како „Моцарт на шахот“ покажа зошто го сметаат за еден од великаните на класичниот формат, иако тој е најдоброрангиран во брз шах. Каруана пак, е првиот Американец кој се бореше за титулата по Боби Фишер во 1972 година, и добро се држеше трите недели во Лондон, за њујорчанецот да потфрли во брзата игра.
Magnus Carlsen wins the 2018 World Chess Championship. https://t.co/G46MoYPfa3 pic.twitter.com/ETBvwXUPs1
— FiveThirtyEight (@FiveThirtyEight) November 28, 2018
Congratulations Magnus Carlsen, 4-time World Chess Champion, defending it successfully against a tough challenge by @FabianoCaruana.
This championship set the record for 12 draws in a row.@MagnusCarlsen was decisive in the tiebreak!#CarlsenCaruanapic.twitter.com/8l4IvaKdx9
— T. K. Rengarajan ?? (@trengarajan) November 28, 2018