Top Sport

Магнус Карлсен ремизираше во партија против 143.000 играчи

Еден од најдобрите шахисти на сите времиња, Норвежанецот Магнус Карлсен, ремизираше во специјална онлајн партија против 143.000 играчи од целиот свет што траеше 46 дена.

Дуелот „Карлсен против светот“ започна на 4. април под покровителство на „chess.com“, а секоја страна имаше 24 часа да помести по една фигура.

И додека светскиот шампион од 2013 до 2023 година играше сам, неговите противници од целиот свет ги одлучуваа своите потези со гласање.

„Од самиот почеток, светот играше многу, многу добар шах. Можеби не избирајќи ги најсигурните опции, туку држејќи се повеќе до нормалниот шах, што не е секогаш најдобрата стратегија, но овој пат се покажа добро“, рече Карлсен.

„Кратко по отворањето, се чувствував малку подобро, но искрено, не ми дадоа шанса после тоа“, додаде тој.

Првата онлајн шаховска партија помеѓу велемајстор и светот се одржа во 1999 година, кога поранешниот светски шампион Гари Каспаров победи повеќе од 50.000 играчи по четири месеци, нарекувајќи ја „најдобрата партија во историјата на шахот“.

Индиецот Ананд го стори истото против речиси 70.000 играчи минатата година.

Scroll to Top