Top Sport

Махачев ја доби „војната“ на шампиони против Волкановски

Ислам Махачев ја доби „битката“ на шампионите во саботата навечер во Перт, Австралија, совладувајќи го Александер Волкановски н поени на УФЦ 284 во еден од најдобрите УФЦ мечеви во последните неколку години, за да ја одбрани својата титула во средно-тешка категорија и да добие статус на „најдобар без разлика на категоријата“.

Во својата прва одбрана на титулата, Русинот Махачев стигна до 48:47, 48:47, 49:46 победа, додека Австралиецот со македонско потекло, Волкановски, кој е носител на титулата во перо категорија не успеа да стане само петтиот фајтер кој е шампион во две категории.

„Покажав дека сум број 1. Тој мора да се подобри повеќе. Има добри удари, добро с бори, но колку и да не ви се допаѓа, јас сум најдобриот на светов во моментов“, вели Махачев, кој сега има 12 победи во низа и нема пораз од својот втор УФЦ меч во 2015 година.

Махачев беше фаворит во мечот, најмногу бидејќи тој се оддржа во неговата категорија и Волкановски не жалеше за поразот.

„Денеска сум подобар фајтер поради ова. Кога си носиш вакви предизвици, стануваш посилен. Честитки до Ислам, голем фајтер. Можеби ќе ги средиме сметките во иднина“, објасни Волкановски.

Scroll to Top