Словенецот, Матеј Мохорич, победи на 19.етапа на Тур Д’Франс. Етапата се возеше на рамен терен од Муранс до Либурн. Марк Кавендиш не успеа да победи на оваа етапа и да дојде до рекордната 36. победа на Тур Д’Франс.
Кавендиш не успеа поради тоа што учествуваше во групниот судир на патеката.
Махорч (26) со време од четири часа, 19 минути и 17 секунди ја забележа втората етапна победа на годинешното издание на трката.
На две етапи до крајот лидеротТадеј Погачар има пет минути и 45 секунди предност пред Јонас Виндегор.