Два „џина“ од боречките спортови се сретнаа откако легендарниот поранешен светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон го покани Хазбула во своето студио.
20-годишиот Хазбула, кој страда од недостаток на хормон за раст, стана Интернет сензација со своите видеа и со пријателството со неговиот дагестански сонародник, Хабиб Нурмагомедов. Тој сега има и промотивен договор со УФЦ.
Како гостин на подкастот на Тајсон, Хазбула му ги покажуваше неговите вештини со големи боксерски ракавици, по што Тајсон го крена Хазбула и се преправаше дека му го гризе увото.
The way Mike Tyson picked up Hasbulla. 😂😂 pic.twitter.com/pRrW5fPouM
— Complex (@Complex) March 21, 2023