Top Sport

Мајк Тајсон го прозва Вајлдер: Дај, порасни веќе, човеку!

Мајк Тајсон му порача на поранешниот ВБЦ шампион во тешка категорија Дионтеј Вајлдер да „порасне“ ако сака да го победи Тајсон Фјури во третиот меч од трилогијата.

Првиот меч меѓу Вајлдер и Фјури заврши со реми, пред во римечот во февруари во Лас Вегас Фјури да го нокаутира и да му го одземе појасот. Третиот дуел најверојатно ќе се случи во декември, но Тајсон го нервира постојаното барање на изговори на Американецот, кој прво го обвини својот костум со кој влезе во рингот за поразот, пред неодамна неговиот брат да изјави дека ракавиците на Фјури биле нелегални, иако вели дека не е сигурен кој ќе биде победникот.

„Секој има шанса за победа, но зависи од тоа колку го сакаш тоа. Ако сака да го посвети животот на борбата, тогаш секако дека може да победи. Не смее да се обесхрабрува од еден пораз. Порасни веќе човеку, продолжи додека навистина не е крај“, вели Тајсон.

Scroll to Top