Top Sport

Облече дрес на најголемите ривали, па се обиде насилно да влезе во клубот!

Камерунскиот напаѓач, Дидие Ламкел Зе сигурно е еден од најголемите фудбалски „тролови“ по неверојатните сцени кои ја возбудија белгиската јавност.

24-годишниот Ламкел Зе, фудбалер на Антверпен, откако не беше во првиот тим на клубот од ноември, побара трансфер од тимот, но тие го одбија. Тој реши да се појави на „Босуил“, стадионот на Антверпен во дрес на најголемите ривали на клубот, Андерлехт, но не му беше дозволено да влезе на стадионот.

По ова, тој продолжи со „војната“ на социјалните мрежи, велејќи дека следниот ден ќе дојде во дрес на Бершот, уште еден ривал на Антверпен. Ламкел Зе сака трансфер во Грција.

На крајот, денеска попладне, тој се јави преку видео на веб-сајтот на Антверпен, извинувајќи се за инцидентот.

„Морате да сфатите дека имам многу работи на умот во моментов. Сакам да се извинам на клубот бидејќи секогаш ме поддржжуваа. Останувам достапен на клубот и на тренерот ако сум му потребен“, изјави Ламкел Зе.

Scroll to Top