Top Sport

Македонија домаќин на европски турнир во текбол (Фотогалерија)

Македонија е еден од домаќините на турнирот во текбол, втора фаза од квалификациите за Европските игри во 2023 година. Натпреварувањето се одржува во СЦ „Јане Сандански“, а учествуваат стотина натпреварувачи од повеќе од 20 држави од Европа.

Текбол е нова спортска игра, комбинација на фудбал, пинг-понг и тенис. Играчите смеат да ја удрат топката со сите делови на телото освен со рацете, а се игра во два освоени сета до 12 поени.

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

Scroll to Top