Top Sport

Македонија со 17 спортисти ќе учествува на Европските игри во Краков

Македонија со 17 спортисти ќе биде претставена на Европските игри во Краков кои ќе се одржат од 21 Јуни до 2 Јули.

Македонското знаме на церемонијата на отворање на игрите ќе го носат Милијана Рељиќ и Емил Павлов. Најголем адут покрај каратистот Павлов сигурно е и олимпиецот, таеквондистот Дејан Георгиевски.

Најдобрите македонски спортистки и спортисти ќе отпатуват во Краков на 19. јуни.

За време на Европските игри 2023 ќе се одржат и натпреварите од третата Европска атлетска лига на кои ќе учествуваат и најдобрите македонски атлетичарки и атлетичари.

Македонија на Европските игри ќе ја претставуваат следните спортисти:

Емил Павлов – Карате

Анастасија Мојсовска – Спортско стрелаштво

Мартин Ангелески – Спортско стрелаштво

Мирјана Релиќ – Таеквондо

Анамарија Георгиевска – Таеквондо

Дејан Георгиевски – Таеквондо

Димитар Пејчиновски – Текбол

Анѓел Петрушев – Кајак

Никола Малевски – Кајак

Владимир Малевски – Кајак

Николовски Никола – Мечувалство

Србиноски Петар – Мечувалство

Дамјаноски Петар – Мечувалство

Тодороски Матеј – Мечувалство

Озмен Илхан Атила – Бокс

Ален Рустемовски – Бокс

Арјан Исени – Бокс

Scroll to Top