Top Sport

Македонските едиличари ќе настапат на Европско и Светско првенство

Од денес до 21 јули и од 23 до 31 јули македонската репрезентација во едрење составена од членови на клубовите „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ќе настапат на Европско и Светско првенство во класата Оптимист со седум натпреварувачи и во кластата Илка 4 со пет напреварувачи.

„Очекуваме на овие две првенства кои за нас се од огромно значење дека ќе бидеме во средината за почеток после долги години со оглед дека не сме настапиле на вакви првенства. Условите за работа на Едриличарската федерација на Македонија и на клубовите беше доста тешка. Требаше да создадеме нови натпреварувачи кои ќе можат достојно да ја претстават Македонија на меѓународен план. Веќе две-три генерации се тука кои ќе настапат во различните класи. Имавме настапи на меѓународни регати и мислам дека имаме доволно искуство да настапиме и на Европското и Светското првенство, вели Стефан Ставрев, претседател на натпреварувачка комисија и селектор на репрезентација.

Во Солун има 300 пријавени натпреварувачи во класата Оптимист, а во Волос во Илка 4 се пријавени 400 натпреварувачи од целиот свет од кои 260 момчиња и 140 девојки.

Едриличарската федерација на Македонија вложува максимални напори децата да имаат услови за тренирање и да можат да излезат на вакви големи Европски и Светски натпреварувања. Се соочуваат со големи финансиски проблеми и најголема поддршка велат имаат од Агенцијата за млади и спорт.

Едриличарите продолжуваат со натпревари од меѓународен карактер во октомври во Дубровник и во септември во Текирдак. Најава има и за настап на Европските купови во Србија и Унгарија.

Фото/ohdrinews.com

Scroll to Top