Македонската одбојкарска репрезентација загуби вторпат во третиот меч од Среберната европска лига, губејќи дома од Албанија со 1:3 (23:25, 25:20, 17:25, 22:25).
Гостинските ракометари играа фантастично во првиот сет, поведувајќи со 11:18, предност од која македонската репрезентација не успеа да се врати, пред во вториот сет, да се вратиме силно и да стигнеме до израмнување со 25:20. За жал, ваква игра не повторивме во третиот сет, кога од 10:10, гостите повторно направија повеќе серии за да го освојата сетот со 17:25, а слична приказна беше и во посленито сет.
Романија останува лидер во групата Б со 8 поени, а сега Македонија и Албанија имаат по 4, пред Босна и Херцеговина на последното место со 4 поени.
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија