Top Sport

Максимални победи за Зверев и Монфис

Александар Зверев и Гаел Монфис со победи го затворија третиот натпреварувачки ден на Австралија опен. Германецот и Французинот во три сета изборија место во третото коло.

Зверев, против домашниот тенисер, Џон Милман, се испоти во првите два сета. Германецот за 89 минути игра ги доби двата сета со по 6/4. Откако го скрши отпорот на 89.тенисер на АТП листата, третиот сет го доби со 6/0 за само 28 минути игра.

Зверев во третото коло ќе игра против Молдавецот Раду Албо.

За разлика од Зверев, Монфис, во ниту еден момент немаше проблем со Александар Бублик од Белорусија. Монфис во првите два сета загуби само еден гем (6/1, 6/0), а третиот го доби со 6/4.

Scroll to Top