Тервел Пулев, помладиот брат на бугарската ѕвезда во тешка категорија, Кубрат Пулев, го забележа својот петти професионален триумф, и тоа петти со нокаут над Украинецот Артјом Редко во Берлин.
До крајот на годината, 34-годишниот Тервел Пулев се очекува да има уште еден меч, пред во 2018 година да биде присутен во пред-мечот на неговиот постар брат Кубрат во меч во тешка категорија.
36-годишниот Кубрат Пулев имаше шанса вторпат да боксува за титулата во тешка категорија против британскиот шампион Ентони Џошуа минатиот месец, но мораше да се повлече само две недели пред закажаниот дуел во Кардиф поради повреда на тренинг. Пулев сениор се обидува да обезбеди меч за титула следната година. Тој има 25-1 скор во професионалниот бокс, со единствен пораз од Владимир Кличко во 2014 година.
Боксерското семејство Пулев е „предводено“ од таткото, Венко Пулев, кој беше поранешен бугарски шампион во супер-тешка категорија во аматерскиот ранг.
„Многу е убаво кога ја добиваш енергијата од тие блиските до тебе. Кубрат постојано ми помага во кариерата, но кога има потреба, јас сум тука за него“, вели две години помалиот Тервел Пулев.
Кубрат вели дека неговиот брат може да биде подобар од него.
„Кога ќе видам било кој човек, од очите му гледам што му е потребно. Тие самите кажуваат што му е потребно, што треба да се направи. Јас гледам да сме заедно, да си помагаме, бидејќи така сме научени од нашиот татко“, додава Кубрат.