Top Sport

Малку се „филмаше“ – Австралиец го потпиша УФЦ договорот со сопствената крв!

Австралискиот ММА фајтер во велтер категорија, Џејк Метјуз сакаше да покаже дека е подготвен на крв за да стигне до врвта, потпишувајќи го својот договор за дуел со Емил Мек на УФЦ Оукленд во крв.

„Селтик кид“ Метјуз (15-4 во ММА борби), ќе се бори со Норвежанецот Мек на 23 февруари, како пред-меч за главниот дуел во лесна категорија помеѓу Пол Фелдер и Ден Хукер. 25-годишниот Метјуз наместо потписот, ја постави својата крв на договорот.

„Ова го потпишав во крв. УФЦ Оукленд ќе биде војна“, напиша Метјуз.

Scroll to Top