Top Sport

Малолетник од САД сруши рекорд на Болт стар 18 години

Јамајканскиот спринтер Усеин Болт е во пензија, но се појави некој кој е уште подобар од него.

Американскиот тинејџер Ерион Нејтон ноќеска претрча 200 метри за време од 20 секунди и 11 стотинки, на митингот во Џексонвил, со што постави рекорд во категорија на кадети (У-18) кој до сега го држеше токму Болт. Јамајканецот своевремено делницата од 200 метри ја претрча со време 20,13, поставен во 2003 година.

Нејтон, кој е роден во јануари 2004 година, го држи рекордот и на 100 метри со време 10,16 секунди, а води и на 400 метри со време 47,48 секунди.

Еве ја неговата синоќешна победа:

Scroll to Top