Top Sport

Заврши Ролан Гарос за седмиот носител – Андреј Рубљов

Рускиот тенисер Андреј Рубљов е елиминиран во првото коло на тенискиот грен слем турнир Ролан Гарос во Париз. Рубљов кој беше седми носител на турнирот своето учество на париската земја го заврши по речиси 4 часа откако денеска со 3-2 загуби од Германецот Жан Ленард Штруф, по сетови (6:3, 7:6, 4:6, 3:6, 6:4).

Германскиот тенисер беше исклучително сигурен во првиот сет, во вториот сет по тај-брејк Штруф стигна до голема предност од 2-0.

Следуваше пресврт во играта. Русинот во двата наредни сета беше одличен, па мечот мораше да се решава во петтиот сет.
Тука иако рускиот ас ја спаси првата меч топка, во втората не успеа, па му овозможи на Штруф, кој е 42-ри на АТП листата со 6-4 да победи и да стигне до неговиот најголем триумф во кариерата.

Во останатите денешни мечеви, кои досега завршија на машкиот дел од турнирот се поставени овие резултати:

Де Минор – Травеља 3-0
Учијама – Чекинато 1-3
Имер – Карбалес Баена 3-2
Беранкис – Умберт 3-1
Броксби – Карацев 0-3
Карусо – Дикворт 1-3
Манарино – Беден 1-3
Рамос – Монфис 1-3
Багниз – Бонзи 3-0

Во моментов свој настап на РГ има Рафаел Надал, води 1-0 во сетови против Попирин, додека Новак Ѓоковиќ од 21 часот игра против Американецот Сандгрен.

Scroll to Top