Top Sport

Мареј: Да трчав помалку, се уште ќе ги имав двата колка

Двојниот шампион од Вимблдон Енди Мареј ја прокоментира својата страшна победа над Фернандо Вердаско во четвртфиналето во 2013 година. Вимблдон на својот „YouTube“ канал го репризираше овој меч кој трае повеќе од 3 часа, а во кој Британецот славеше во 5 сета.

Мареј шестпати досега на грен слем турнирите победувал по заостаток од 0-2. Истата година (2013) во финалето го победи Новак Ѓоковиќ и стана првиот Британец кој го освоил неофицијалното светско тениско првенство во ерата на Отворените првенства.

Сепак, Мареј од денешна перспектива има поинакво видување на мечот.

„Мислам помалку да трчав, и понатаму ќе ги имав двата колка“ рече Мареј по еден од најдобрите пресврти во историјата на турнирот.

Scroll to Top