Top Sport

Ван дер Варт: Мегвајр дома на жена му и вели дека е „ср.ње фудбалер“

Поранешниот холандски фудбалски ас, Рафаел ван дер Варт е последниот во низата критичари на играта на англискиот дефанзивец, Хари Мегвајр кој од Лестер во Јунајтед премина за неверојатни 87 милиони евра.

„Мислам дека Мегвајр секој дека кога ќе си дојде дома на жана му и вели дека е `ср.ње фудбалер`, ама дека не му е гајле, затоа што добро заработува. Ако тој вреди толку пари, тогаш Вирџил ван Дајк вреди 300 милиони фунти“ вели Ван дер Варт.

Не е првпат Холанѓанецот да го бомбардира со критики стоперот на Јунајтед. Тоа се случи во текот на мечот од Лигата на нации меѓу Англија и Холандија кој им припадна на „лалињата“ со 3-1.

„Во текот на Лигата на нации работев како консултант на холандска телевизија и се сеќавам дека реков дека на тој меч Мегвајр беше најлош на теренот. Кратко потоа Јунајтед за него плати 87 милиони евра. Неверојатно“ – заклучи Холанѓанецот.

Scroll to Top