Top Sport

Мареј добро го познавал човекот кој во 1996 година уби 16 деца во неговото училиште!

Енди Мареј првпат проговори за својата болка по масакрот кој се случи во неговото основно училиште во март 1996 година, кога Томас Хамилтон пукаше и уби 16 деца и еден учител, признавајќи дека го познавал убиецот и дека понекогаш се возеле во ист автомобил.

32-годишниот поранешен светски тенисер број 1, открива дека неговото семејство и Хамилтон биле познаници и во последниот документарен филм се отвори иако не застана пред камерата туку се обрати со порака до поранешната директорка на училиштето Оливија Капучини.

„Ме прашавте зошто тенисот ми е важен. Очигледно околу мене се случи масакрот во Данблејн, кога имав само девет години. Тоа што го познававме човекот, што одевме во неговиот детски клуб, што беше во нашиот автомобил ја правеше ситуацијата уште потешка“, објаснува Мареј.

Трагедијата, заедно со разводот на неговите родители и отселувањето на неговиот постар брат Џејми во тениска академија, го оставила Мареј со многу анксиозност и со тенисот како единствен начин да се „опушти“.

„Моето чувство кон тенисот е дека се работи за бег од реалноста на некој начин. Поради тие работи ко ги затворив во мене. По само 12 месеци, нашите родители се разведоа и тоа беше тешко да се гледа бидејќи не го разбирав добро. Шест месеци подоцна, мојот брат си замина од дома за да игра тенис во Кембриџ. Не зборувам за овие работи. Таков сум на тениските терени, но сакам да покажам дел од мојата позитивна личност. Тенисот ми дозволува да бидам тоа дете, со сите тие прашања и сите неизвесности“, додава Мареј.

Scroll to Top