Младиот Феликс Оже-Алијасим му одржа час по тенис на искусниот Енди Мареј и го елиминираше од Ју-Ес опен.
Канѓанецот го победи трикратниот Грен-слем шампион со 3:0 (6/2, 6/3, 6/4) во меч кој траеше два часа и 11 минути.
Алијасим имаше 24 ас сервиси, Мареј само два. Канѓанецот освои 97 поени, а Мареј 68.
Енди Мреј пред два дена одигра исцрпувачки меч против Нишиока кој го доби во пет сета и очигледно не успеал да го подготви своето телоза дуелот со Феликс.