Top Sport

Мареј го доби трилерот со Басилашвили

Енди Мареј, по пауза од три години, го одигра првиот меч на Австралија опен. Поранешниот број 1, на турнирот влезе со специјална покана од организаторот.

Мареј, во првото коло, успеа да го победи Николоз Басилашвили од Грузија. Дуелот кој заврши со победа на Британецот 6/1, 3/6, 6/4, 6/7, 6/4, траеше три часа и 54 минути.

Мареј имаше можност порано да го реши мечот, а во драматичниот петти сет испушти брејк предност. На крајот носен од публиката ја искористи третата меч топка.

Во второто коло, Мареј, ќе игра против Таро Даниел, кој преку квалификациите избори место на турнирот.

 

Scroll to Top