Поранешниот светски број 1, Шкотланѓанецот Енди Мареј вели дека било „неверојатно иритирачки“ да се слушаат дел од фановите на Австралија опен како прославуваат во стилот на Кристијано Роналдо со повикот „Сиу“.
По победата над Николоз Басилашвили, тој призна дека прво сметал дека му свиркаат и тоа не му било пријатно.
„Прво мислев дека е свиркање, бидејќи имаше дел од публиката која ми свиркаше на тренингот вчера. Не знам зошто. Но, потоа ми стана јасно дека го прават тоа ‘Сиуу’ на Роналдо кога постигнува гол. Да, тоа беше крајно иритирачки“, вели Мареј.
Тој играше пред австралиската надеж Ник Кирјос, кој пак по својата победа самиот направи имитација на Роналдо.
„Не ми се веруваше дека го правеа тоа толку често. Роналдо го прави тоа кога ќе постигне гол, но тие го правеа 10 минути. Два и пол часа, по секој поен. Како во зоолошка“, изјави насмеаниот Кирјос.
Nick kyrgios celebration after his AO WIN ???@Cristiano ronaldo’s influence is unmatched not just in football but in all sports he is represented as a winner a symbol of being a champion ♥️?✌️
There will never be anyone like CR7? pic.twitter.com/V3QHonl6rc— m.y.a.r_____? (@whatsinth) January 18, 2022