Top Sport

Мареј го „пецна“ Вавринка: Совршен тренинг за полски тоалет! (видео)

Додека и светските тенисери мораат да „уживаат“ во изолацијата предизвикана од одложувањето на тениската сезона, Стен Вавринка најде совршен начин за тренинг советувајќи им на луѓето да бидат физички активни, дури и ако мораат да го прават тоа во својот дом. И сè беше во ред додека во коментарите не се појави Енди Мареј.

Вавринка ја почна кампањата со „изометричка“ вежба во која има две кошаркарски топки во рацете.

„Бидејќи сите сме дома би сакал заедно да бидеме активни. Ќе објавувам видеа со вежби и предизвици кои можат да се прават дома“, напиша Вавринка на Инстаграм.

Мареј не беше импресиониран од советот.

„Добра идеја! Ова е совршена вежба пред да одиш некаде на село каде што имаат тоалети што се дупки без седиште. Вежбаш додека какаш. Исто така така и мораш да оддржуваш рамнотежа“, напиша Мареј.

Ова не е првпат двајцата да се „пецнуваат“ преку социјалните мрежи, откако пред неколку дена Мареј импресиониран од „фризурата“ на Вавринка му побара адреса за да му пушти еден чешел. Вавринка одговори дека никогаш во животот не поседувал чешел.

Scroll to Top