Енди Мареј, Александар Зврев, Кеи Нишикори и Давид Гофан се пласираа во четврт-финалето ан АТП турнирот во Вашингтон. Британецот Мареј, во три сета го елиминираше Романецот Маријус Копил со 6:7, 6:3, 7:6.
За поранешниот број 1, кој цела година не играше поради операцијата на колкот, ова е прв пласман во четврт-финале на некој турнир по Вимблдон 2017 година.
Противник на Мареј во оваа фаза од турнирот ќе биде Алекс де Минаур. Австралиецот играше три сета против Хјеон Чунг од Јужна Кореја 6:2, 4:6, 6:2.
Дерби на оваа фаза од турнирот ќе биде дуелот помеѓу првиот носител Зверев и и Нишикори.
Александар Зверев го победи својот постар брат Миша со 6:3, 7:6, а Нишикори славеше во дуелот со Канаѓанецот Денис Шаповалов со 7:6, 6:3.
Давид Гофан го елиминиреше Американецот Френсис Тиафо со 6:0, 6:3 и во четврт-финалето ќе игра против Гркот Стефанос Циципас.