Предноста на Европа над Светот се намали на 8:7, откако Матео Беретини и Енди Мареј загубија во драматичен меч со 2:6/6:3/10:8 од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим и Американецт Џек Сок.
Италијанско-шкотското партнерство започна одлично, по доминантниот прв сет, но потоа Сок и Оже-Алијасим поведоа со 4:1 во вториот сет и рутински го решија со два брејка. Во драматичниот супер тајбрејк, Беретини и Мареј имаа 4:2 водство, но потоа загубија четири гема по ред за 6:4 водство на Светот. По ова следуваше уште едно израмнување, на 7:7, пред американско-канадската двојка да стигне до победа.
Следни на терените во „О2 арената“ треба да излезат Новак Ѓоковиќ и Оже-Алијасим, а на програмата се уште дуелите Циципас-Тијафоу и Руд-Фриц.