Top Sport

Мареј има сериозни проблеми со колкот

Поранешниот број 1 во светскиот тенис, Енди Мареј, закрепнува од повредата на колкот, меѓутоа според најновите наоди, процесот на рехабилитација не оди во најдобар правец. Планот на Мареј и неговиот тим бил, по операцијата на колкот, да го пропушти пролетниот дел од сезоната и на тенисот да му се врати на третиот гренд слем во сезоната, Вимблдон.

Меѓутоа, како што пишуваат англиските медиуми, рехабилитацијате не оди според планот, иако тој започнал да работи со рекетот во рацете. Според нив под знак прашалник е неговото учество на Вимблдон.

„Вилблдон е далеку. Речиси два месеци има до почетокот, прерано е да го отпишеме Мареј“, им изјавил неименуван извор на англиските медиуми.

Мареј во новата сезона нема одиграно ниту еден меч. Британецот во јануари го оперираше колкот. Последниот меч, пред повредата, Мареј го одигра минатата година токму на Вимблдон.

Најпрестижниот тениски турнир во светот, оваа година ќе се игра од 2. до 15.јули.

Scroll to Top