Енди Мареј го заврши својот настап на Австралија опен. Британецот кој по три години пауза се појави на Австралија опен, во второто коло, потклекна пред Јапонецот Таро Даниел.
Тенисерот од Јапонија со идентични 6/4, го доби дуелот во три сета. Во текот на три часовната борба, Даниел имаше 12 ас сервиси и 45 директни поени. На крајот победникот го решија брејк топките, Мареј искорсити само две од 11.можности да му го одземе сервисот на противникот.
Даниел, 120. на АТП листата, во третото коло ќе игра против 11.носител Јаник Синер или Стиви Џонсон.