Top Sport

Мареј ќе игра за Британија во Дејвис купот

Енди Мареј, поранешн светски рекет број еден и сопственик на три грен слем титули, во септември ќе игра за Велика Британија во групната фаза на Дејвис купот.

Покрај Мареј, во тимот се и Камерон Нори, Даниел Еванс и Џо Солсбери, најдобриот светски дубл играч. Ривали на Британците во Глазгов ќе бидат Американците, Казахстанците и Холанѓаните.

„Воодушевен сум што повторно ќе бидам дел од тимот. Некои од моите најубави спомени се поврзани со успесите во Дејвис купот. Едвај чекам да играм пред распродадената Арена во Глазгов“, изјави Мареј.

За Мареј ова ќе биде прв натпревар за репрезентацијата по 2019 година. Енди беше најзаслужен што Велика Британија стигна до трофејот во 2015 година и победи на престижниот натпревар по 79. годиншен пост.

Scroll to Top