Двократниот шампион од Вимблдон, Енди Мареј беше пофален за посветеноста повторно да игра на славниот домашен гренд слем, но Шкотланѓанецот вели дека најголем успех во животот му е да ги заспие четирите деца (сите под 5 години) навреме.
Мареј и неговата сопруга Ким имаат четири деца – Софија (5), Еди (3), Теди (1) и тримесечна ќеркичка и признава дека е предизвик да се воведе ред во домот.
„Кога ќе ги видам децата на маса како се однесуваат добро и ја јадат храната, и посебно, кога ќе легнат во кревет во нормално време, такви работи ме прават навистина горд. Најстарата ќеркичка игра тенис еднаш неделно, но нема притисок да стане професионална тенисерка“, вели Мареј.
Денеска тој стартува со тежок меч на „Централниот терен“ против Грузиецот Николоз Басилашвили.