Top Sport

Мареј не е сигурен дали ќе настапи на Вимблдон

Британскиот тенисер Енди Мареј се уште не решил дали ќе настапи на Вимблдон. Најпрестижниот тениски турнир започнува в понеделник.

Мареј минатата недела по пауза од 11 месеци, поради операцијата на колкот, се врати на тениските терени.

Тој не е сигурен дека е подготвен за борба во пет сета, поради долгата рехабилитација.

„Доколку почувствувам дека со доволно подготвен тогаш ќе игра. Немам притисок дека одлуката треба да ја донесем по еден или два одиграни меча. Малку зависи и од овој турнир, таков е нашиот спорт, можеби в петок ќе играм три сета и потоа да не се чувствувам добро наредното утро“, рекол Мареј.

Британецот по долгата пауза во понеделникот го победи Стан Вавринака на турнирот во Квинс.

Scroll to Top