Top Sport

Мареј објасни зошто Ѓоковиќ е пред Федерер и Надал

Британскиот тенисер Енди Мареј уште еднаш во суперлативи говореше за Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот светски играч неодамна стана шампион на Ју-ес опен и ја освои својата 24. Грен слем титула.

„Она што Новак го постигна на Ју-ес опен и во текот на целата година е неверојатно, тоа што го прави на 36 години е многу импресивно“, изјави Мари.

Поранешниот број еден и моментално 41. тенисер на АТП листата ја објасни разликата на Ѓоковиќ во однос на Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„Мотивацијата и желбата што ги носи се навистина неверојатни, брилијантни. Роџер и Рафа имаа долги кариери, но ниту еден од нив во оваа фаза од кариерата не беше толку константен како како Новак”, изјави Мари.

Scroll to Top