Top Sport

Мареј подобар од Надал во првиот меѓусебен меч по повеќе од пет години

Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј го совлада својот стар ривал Рафаел Надал со 6:3/7:5 во полуфиналето на егзибицискиот Мубадала шампионат во Абу Даби во нивниот прв меѓусебен дуел по повеќе од пет и пол години.

Ова беше прв меч за 20-кратниот гренд слем шампион Надал по пауза од четири и пол месеци, и немаше многу шанси против Мареј, кој моментално е само 134. на АТП листата. Шкотланѓанецот сега ќе игра со Андреј Рубљов утре за титулата, откако Русинот со 7:6(5)/3:6/6:4 беше подобар од Денис Шаповалов, кој пак, утре ќе игра со Надал за третото место.

Мареј направи брејк во шестиот гем од првиот сет, за да дојде до 5:2 водство, и за освојување на првиот сет. Надал посебно се мачеше на свој сервис во вториот сет, и иако успеа да спаси четири брејк топки во вториот сет, Мареј лесно стигна до победата.

Scroll to Top