Енди Мареј нема да прифати вајлд-карта за настап на последниот гренд слем од сезоната, САД опен во Њујорк, потврди трикратниот гренд слем шампион од Шкотска по поразот во првото коло на Мастерсот во Синсинати од Ришар Гаске од 6:4/6:4
„Сигурно нема да играм во сингл на Флешинг Медоуз. Сметав дека не можам да направам таа одлука пред овој меч, но сега тоа е сигурно“, вели 32-годишниот Мареј, кој го освои својот прв гренд слем во 2012 токму во Њујорк.
Сепак, тој очекува да игра во двојки и во мешани двојки, иако уште не ги потврди своите партнери.
„Можеби ќе играм на Винстон-Сејлем опен, но најверојатно одам во двојки и во мешани двојки, исто како на САД опен. Не знаев што очекував, но мислам дека бев добар. Физички, нозете ми беа тешки при крајот на мечот, но ова е реалноста“, вели Мареј.