Top Sport

Мареј повторно го оперирал колкот

Британскиот тенисер Енди Мареј, потврдил дека во понеделникот во Лондон, имал уште една операција на колкот, објави „Скај спорт“.

„Малку се чувствувам исцрпено, но се надевам дека ова е крај за болките во колкот. Сега имам метален колк“, напишал Мареј.

Некогаш најдобриот во светот, на Австралија опен, најави дека ова е неговата последна сезона и дека негова голема желба е кариерата да ја заврши на Вимблдон.

Откако испадна во првото коло, на Австралија опен, Мареј ја најави можноста уште еднаш да го оперира колкот, но дека тоа не значи дека ќе може да му се врати на тенисот.

31-годишниот Шкотланѓанец професионален тенисер станал во 2005 година. Во кариерата има освоено 45 титули, од кои три се гренд слем (две на Вимблдон и една на Ју-Ес опен).

Два пати, во Лондон и Рио де Жанеиро, освоил златен олимписки медал.

Scroll to Top