Top Sport

Мареј преку Гофан во својот 11-ти меч оваа сезона

Енди Мареј го совлада првиот носител и актуелен шампион Давид Гофан со 6:3/6:4 за да се пласира во четврт-финалето на Шенжен опен во Кина за најдобра победа по неговиот кам-бек по операцијата на колкот во јануари.

„Ми се допаѓа начинот на кој го удирам топчето и ова дефинитивно беше најдобриот меч досега, но знаев дека ќе треба да се испотам против Давид“, вели 31-годишниот Шкотланѓанец, откако имаше 15 аса и искористи пет брејк-топки за да го подобри скорот против Гофан на 6-0.

Мареј веќе најави дека нема да игра на Мастерс турнирите во Шангај и Париз следниот месец и сезоната ќе ја заврши во Пекинг следната недела. Ова беше само 11. меч за него оваа сезона, и сега игра со шпанскиот ветеран Фернандо Вердаско (кој го победи на САД опен), откако Шпанецот со 3:6/6:2/7:5 го совлада Јапонецот Таро Даниел.

Scroll to Top