Енди Мареј смета дека „опуштениот“ Рафаел Надал е главен кандидат за освојување на 14. титула од Франција опен на Ролан Гарос, откако ја започна сезоната со 16- 0 скор и 21. гренд слем трофеј од Австралија опен. Но, потсети дека и Новак Ѓоковиќ ќе биде мотивиран да ја одбрани својата титула и да се израмни со Шпанецот.
„Ако предвидуваме денеска, тогаш ќе мора да го поставиме Рафа ќе биде фаворит за титулата од Париз повторно. Новак има малку конкурентен тенис во последно време, а Рафа ја започна годината многу добро, далеку подобро од неговите очекувања. Затоа сметам дека ќе биде опуштен во Париз и со многу помалку притисок од пред неколку месеци. Секако, не смееме да заборавиме на Новак, иако пропушти многу тенис“, вели поранешниот светски број 1.
Ѓоковиќ не настапува на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами поради тоа што не може да влезе во САД без да се вакцинира и ќе ја отвори сезоната на земја на Мастерсот во Монте Карло од 9 април, а најверојатно ќе игра и на Белград опен, а можеби во Барселона, Мадрид и Рим пред Ролан Гарос, кој стартува на 22 мај.