Top Sport

Мареј се „пишмани“, нема да настапи на Делреј Бич

Поранешниот најдобар светски тенисер, Енди Мареј се откажа од учеството на првиот турнир во новата година, АТП турнирот од серија 250 во Делреј Бич кој е на програмата од 5 до 13 јануари.

Британецот доби специјална покана од организаторите и веќе беше предвидено идниот петок да го одигра првиот меч.

Сепак Мареј се одлучи да не настапи на турнирот и директно да отпатува во Австралија, на почетокот на февруари за кога е предвиден Австралија Опен.

Според првите информации, оваа одлука на Мареј нема врска со никаква повреда.

Мареј и за на АО има специјална покана, а таму последен пат настапи во 2019 година.

Турнирот во Делреј Бич се игра за награден фонд од 418.195 долари, а титулата ќе ја брани Рајли Опелка.

Во 2021. Енди Мареј меѓу првите на терен, се подготвува за АО

Scroll to Top