Британскиот тенисер, Енди мареј се повлече од главната жрепка на тенискиот турнир во Мајами поради повреда, обкавија органзаторите на турнирот.
Двојниот освојувач на Мастерсот на Флорида (2009-та и 2013-та) беше подготвен да се врати на теренот во Мајами, но во последен момент бил приморан да се откаже поради проблеми со препоните.
Кариерата на Шкотланѓанецот беше во прекин поради операцијата на колкот, па неговиот ранкинг очекувано беше расипан, а и враќањето на терните одеше бавно.
Мареј изјави дека почувствувал болка во препоните и тоа додека спиел. Рекол дека во текот на тренингот и во вежбалната не почувствувал никаква болка, но во 3 часот наутро, ноќта меѓу петокот и саботата го разбудила страшна болка.
„Не беше тоа на страната каде што ми беше операцијата, но кога се разбудив и се обидов да одам, имав неиздржливи болки. Немав поим што се случило. Ова е ужасна работа. Од ден на ден се повеќе напредував, но тоа не беше доволно. Не сум тренирал од петокот“ изјави тој.
Мареј не играл на Мастерсот во Мајами уште од 2016 година.