Top Sport

Мареј се врати со победа над Мекензи

Британскиот тенисер Енди Мареј со победа се врати на тениските терени, од кои отсуствуваше една повеќе од една година, поради повредата и операцијата на колкот. Мари, на стартот на турнирот во Вашингтон, го победи Мекензи Мекдоналд.

Поранешниот број 1, успеа да го победи 80. играч во светот во три сета 3:6, 6:4, 7:5. Мечот траеше два часа и 40 минути.

Од стартот на мечот видливо беше дека Мареј долго не играл на врвно ниво. Откако направи брејк во вториот гем, во наредните три два пати го губеше својот сервис, Мекдоналд се одлепи на 2:4, а до крајот на сетот Американецот со уште еден брејк дојде до предност од 0:1 во сетови.

Стартото на вториот сет донесе по еден брејк на двете страни, а подоа Мареј спаси две брејк топки во осмиот гем. Откако го спаси својот сервис, во наредниот гем Британецот направи брејк и израмни на 1:1 во сетови.

Мареј со брејк го започна и третиот сет, имаше комотна ситуација до предноста 5:4, кога не успеа да искористи пет меч топки и на крајот му дозволи на противникот да израмни на 5:5.

Сепак веќе во наредниот гем го врати возврати со ри-брејк, а потоа на свој сервис ја искористи втората меч топка.

Scroll to Top