Top Sport

Мареј: Жените без проблем би можеле да играат пет сета

Порнешниот светски број 1, Енди Мареј смета дека и тенисерките не би имале проблем да играт мечеви во пет сета, и дека тоа не треба да има врска со наградите кои ги добиваат.

На редовната АТП и ВТА турнејата, ситауцијата е израмнета – и тенисерите и тенисерките играат во два добиени сета, односно максимум три сета, додека на гренд слем турнирите, мажите играат во три добиени сета, односно максимум пет сета. Ова честопати беше посочувано како причина за повеќето пари кои ги добиваа тенисерите, иако од 2007 сите гренд слема имаат идентична исплата, за разлика од редовната турнеја.

„Да се работеше за тоа дека некој ги тераше тенисерките да играат во пет сета и турнирите го бараа тоа, ќе се работеше за поинаква ситуација. Но, никој не го бараше тоа. Зошто не би можеле да играат во пет сета? Не би било проблем. Затоа, тоа е лош пример за разликата кај мажите и жените“, вели Мареј, кој се подготвува за својот 14. настап на Вимблдон.

Scroll to Top