Top Sport

Марија Шарапова доби син

Некогаш најдобрата светска тенисерка Марија Шарапова стана мајка. Русинката, освојувачка на пет Грен слем титули објави слика на социјалните мрежи за да му посака добредојде на својот син.

Шарапова напиша дека малиот ќе се вика Тиодор.

„Најубавиот, најпредизвикувачкиот подарок што нашето мало семејство може да го замисли, но и подарок што носи најголемо задоволство”.

Зад 35-годишната тенисерка од Нијаган, мало гратче во Сибир, стои одлична кариера во текот на која го освои секој од четирите Грен слем турнири. Таа стигна до првото место на ВТА листата во 2005 година. Во текот на кариерата заработила преку 38 милиони долари од турнири.

Scroll to Top